Само скопски градоначалници во врвот на ЗЕЛС: Орце Ѓорѓиевски, Меџити и Герасимовски


 
Со едногласна одлука, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска е реизбран за претседател на ЗЕЛС.
 
„Денес се одржа Генералното собрание на ЗЕЛС, каде повторно ја добив довербата да ја водам оваа заедница. Од срце им благодарам на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за укажаната доверба, заедно со моите колеги, двајцата нови потпретседатели, Изет Меџити и Горан Герасимовски“, информира Ѓорѓиевски.
 
Тоа значи дека раководството на ЗЕЛС е составено само од градоначалници од Скопје, додека другите од внатрешноста се оставени настрана.
 
Ѓорѓиевски е оптимистичен затоа што изминаа дваесет години од започнувањето на процесот на децентрализација, период во кој локалната власт созреа и се изгради јасна визија за неопходните реформи; во овој мандат располагаат со значаен човечки потенцијал и искуство, повеќе од половината градоначалници имаат најмалку еден мандат зад себе, а меѓу нив и колеги со долгогодишен континуитет и искуството од енергетската криза покажало дека кога сме обединети во рамките на ЗЕЛС можеме да изнајдеме решенија и да се справиме со најтешките предизвици.
 
Тој ја испофали Влада и премиерот Христијан Мицкоски:
 
„Дополнително опитимизмот го поддржува и до тоа што „имаме јасна поддршка и партнерски однос со Владата и премиерот Христијан Мицкоски, што резултира со ревидиран Меморандум за соработка и видлив инфраструктурен развој во општините“. Ѓорѓиевски најави дека во наредниот период фокусот ќе биде ставен на посериозна децентрализација, особено во областа на социјалната заштита, како и на обезбедување поголема финансиска стабилност на општините.
 
„Ќе продолжиме со лобирање за поголем удел на општините во јавните приходи, подобра наплата на сопствените извори и понатамошен развој на електронските услуги“, рече Ѓорѓиевски.