Орбан не сака само кинески кредити, ќе позајмува и од Јапонија, Катар и ЕБОР
Ќе позајмуваме и од Јапонија, Катар и Европската инвестициска банка, не само од Кина – неочекувано најави унгарскиот премиер Виктор Орбан на првата сесија на Парламентот по годишните одмори, во своето специјално обраќање за економските и политички планови во наредниот период.
Според Орбан, неговата влада не сака да го реализира економскиот развој само со кинески заеми, поради што започнала преговори за заем од ЕБОР за развој на железницата. Будимпешта исто така преговара со земјите од Персискиот залив за слична цел, соопшти унгарскиот премиер.
Ваквите насочени кредити тој ги аргументираше со политиката на т.н. економска неутралност што ја промовираше и за време на посетата на Македонија, што во основа значи дека ќе тргува и позајмува и од Исток и од Запад, и од ЕУ и од Кина и Русија.