Општина Гази Баба субвенционира купување велосипеди
Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните на општинатаза купување нов велосипед.
Право на учество на Јавниот повик имаат жителите на општина Гази Баба, кои ќе купат нов велосипед во период од денот на објавувањето се до 30 ноември 2024 година односно до исцрпување на средствата наменети за оваа намена со Буџетот на Општина Гази Баба и кои немаат искористено субвенција за купување на нов велосипед.
Средствата што Општина Гази Баба ќе ги субвенционира се во износ од 50 отсто од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари по лице, со вклучен персонален данок.
Линк до јавниот повик: https://gazibaba.gov.mk/11202-2/