Општина Чаир донира милион денари за семејствата на жртвите од Кочани

На денешната вонредна седница на Советот на Општина Чаир, беше усвоен предлог за распределба на еден милион денари за помош на семејствата на жртвите од трагедијата која се случи во Кочани. Овој чекор на Советот на Општина Чаир претставува израз на солидарност и ангажман во тешки времиња, како и силна порака дека заедницата стои обединета во моментите на болка и потреба, стои во соопштението.
Крајно благодарен и посветен на овој процес, Градоначалникот на Општина Чаир изрази својата поддршка за помошта која ќе им биде доставена на погодените семејства. Тој истакна дека оваа финансиска помош претставува само прв чекор и дека Чаир ќе продолжи да ги поддржува индивидуите и семејствата кои минуваат низ тешки периоди. Крајно, истакна дека ангажманот на општината ќе продолжи.