Опожаренo возилото на пратеникот Петар Ристески


Возилото на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески било опожарено ноќеска околу 2 часот по полноќ, на улица Цар Самоил во Прилеп.

Возилото „шкода“ целосно е опожарено, а во пожарот било зафатено и уште едно возило во сопственост на семејството. Настанот е пријавен во полиција, а од СВР Битола го потврдуваат.

Пожарот бил изгаснат со интервенција на пожарната. Полицијата извршила увид на местото на настанот.