Oпаѓа продажбата на Оземпик поради конкуренција и заканата на Трамп од царини
„Ново Нордиск“ соопшти дека продажбата на лекови како Оземпик, кои го имитираат GLP-1 хормонот од цревата што го регулира нивото на шеќер во крвта и апетитот, пораснала за 8% во првата половина од годината, што е значително намалување во споредба со 21% лани

Продажбата на лековите за дијабетес на „Ново Нордиск“, вклучително и на лекот Оземпик опаѓа, поради жестоката конкуренција и заканата од царините на Трамп, пренесува „Гардијан“.
Конкуренција и заканата од американските царини, ја натера компанијата да ги намали трошоците и да се фокусира посилно на својата комерцијална стратегија.
Данската фармацевтска компанија, чии експлозивни продажби на GLP-1 лекови за дијабетес и дебелина во последните години ја направија највредната компанија во Европа, изгуби 95 милијарди долари (71,5 милијарди фунти) од пазарната вредност откако минатата недела го намали годишниот раст на продажбата.
„Ново Нордиск“ соопшти дека продажбата на лекови како Оземпик, кои го имитираат GLP-1 хормонот од цревата што го регулира нивото на шеќер во крвта и апетитот, пораснала за 8% во првата половина од годината, што е значително намалување во споредба со 21% лани.
Продажбата на лекови за дебелина, вклучувајќи го и Wegovy, се зголемила за 56%, при што вкупната продажба пораснала за 16%, достигнувајќи 155 милијарди дански круни (18 милијарди фунти).
Добивката пред оданочување пораснала за 24%, на 70,8 милијарди круни.
Компанијата изгуби дел од пазарниот удел во корист на американскиот конкурент Eli Lilly и нивниот лек Mounjaro, за кој истражувањата покажуваат дека е поефикасен, како и поради поевтини генерички верзии произведени од други фармацевтски компании.