ОН: Корона вирусот ќе уништи генерации


 

Генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш предупреди дека светот се соочува со „генерациска катастрофа“ поради затворањето на училиштата поради пандемијата со корона вирус.

Додаде дека безбедното враќање на учениците во училниците мора да биде најголем приоритет, пренесе „Гардијан“.

Гутереш во видео-изјава потсети дека од средината на јули затворени се училиштата во околу 160 земји, со што се погодени милијарда ученици, како и најмлаку 40 милиони претшколски деца.

На тоа, како што наведе, треба да се додадат и 250 милиони деца кои и пред пандемијата не одеа во училиште, како и дека во земјите во развој само четвртина од средношколците се стекнуваат со основни вештини.

„Сега се соочуваме со генерациска катастрофа која може да однесе немерлив човечки потенцијал, да подрие децениски напредок и да ги зголеми постоечките нееднаквости“, вели Гутереш кој ја покрена кампањата „Да ја сочуваме нашата иднина“.