Омикрон сојот пристигна и во Босна и Хецеговина, десетмина заболени
Првите случаи со омикрон сојот на корона вирусот се детектирани и во Босна и Херцеговина.
Од 100 тестирани примероци на омикрон сојот, кај нив десет потврдена е оваа варијанта, потврдија од Клиничкиот центар во Сараево за Klix.ba.
Омикрон сојот веќе некое време прави сериозен проблем во Европа, во претходната седмица е забележан во повеќе држави во регионот, а сега и во БиХ.