Оклахома прв пат по шест години погуби човек за злосторство во 1998 година

Американската сојузна држава Оклахома продолжи да ја спроведува смртната казна со инјекција по шест години пауза.
Затвореникот Џон Мерион Грант, осуден за убиство, убиен е со инјекција во притворот во гратчето Мекалистер, објави затворскиот управител.
Грант е прв осуденик во Оклахома врз кого е извршена смртна казна, пракса што беше прекината во 2015 година, по неколку неуспешни инјекции, пишуваат локалните медиуми.
Тој е погубен поради злосторство извршено во 1998 година, кога со нож избодел работник во затворската кантина. Го избодел 16 пати.
На смртна казна осуден е во 1999 година.
Погубувањето е спроведено по завршување на правните процеси во последен момент. Американскиот Врховен суд во четвртокот пресуди дека тоа може да се спроведе откако Грант и друг притвореник добиле привремено одложување поради жалба до окружниот суд во Денвер.
Следните две погубувања во Оклахома се закажани за 18 ноември и 9 декември.
Делови од САД ја аболираа смртната казна, но таа е на сила во 27 од вкупно 50 држави.
Во светот, смртна казна спроведуваат низа држави. Најмногу во Кина, која, според Анести интернешнал, спроведува повеќе од илјада погубувања годишно.
САД минатата година изврши 17 погубувања на затовреници.