ОЈО Прилеп спроведува голема антикорупциска акција, се прават претреси на осум локации

Во Прилеп денеска се спроведува широка антикорупциска акција, координирана од финансиската полиција и Министерството за внатрешни работи (МВР), а по налог на Обвинителството. Според достапните информации, предметот на истрагата се сомневања за сериозни злоупотреби во работењето на Општата болница со проширена дејност во Прилеп.
Неофицијално, претреси се извршени во домовите на неколку лица, меѓу кои Александар Спирковски – Џемо, Кети Смилеска и Влатко Петрески. Овие имиња се поврзуваат со потенцијалните нерегуларности што беа пријавени од страна на актуелното раководство на болницата.
Се очекува Обвинителството да излезе со официјални информации за резултатите од акцијата во текот на денот. Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата. Обезбедени се наредби за претрес на осум локации.