„Охрид-фест 2019“ од 5-7 септември
Меѓународниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“ годинава ќе се одржи од 5-7 септември, традиционално, со три фестивалски вечери: поп, фолк и интернациналната вечер.
Од фестивалот најавуваат дека годинава новина ќе биде тоа што ќе се избираат двајца дебитанти кои ќе добијат можност да настапат на фестивалската сцена.
Фестивалот ќе оди со директен пренос на една од македонските телевизии, а според традиција, 26. издание на фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, покрај гледачите од Македонија, ќе можат да го проследат и љубителите на музиката од Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Србија и гледачите од целиот свет преку сателитските канали на Македонската телевизија и австралиската ИНТВ.
Уметнички директор на фестивалот е Григор Копров.