Огромна нелегална фабрика откриена во Италија. Произведувале 7 милиони цигари дневно


Нелегална фабрика за цигари и 300 метрички тони цигари се пронајдени во Касино, град на околу 120 километри од Рим, соопшти денес италијанската полиција.

Едно лице е уапсено, а запленети се средства лоцирани во напуштен логистички центар, вредни повеќе од 50 милиони евра.

Проневерени се половина милијарда евра
Издадени се налози за апсење за други осомничени. Истражителите веруваат дека преку нелегалната фабрика се избегнати даноци во вредност од над 500 милиони евра и дека операторите оствариле нелегален приход од 130 милиони евра.

Зад скриен подземен влез, полицијата пронашла спални и дневни простории за 18 работници, како и кујна и бањи. Се верува дека таму дневно се произведувале повеќе од седум милиони цигари.

Тоа е најголемата нелегална фабрика за цигари во светот.