Огромна карпа падна врз комбе кај Дубровник – загина патник


Огромна карпа се откинала на магистралата над Дубровник во Хрватска и паднала врз комбе, пријавиле возачи на радарската контрола.

Човек во комбето загина, а сообраќајот на патот беше запрен.

Сите служби се на терен, а од дубровничката полиција потврдуваат дека едно лице го загубило животот, додека друг патник е повреден.

Сообраќајот е затворен на главниот пат, па сообраќајот и на другите правци преку Бргат и Комолац е во застој, јавува Дубровачки вјесник.