„Огнена топка“ го проби звучниот ѕид над Англија


 

Многу редок метеор познат како „дневна огнена топка“ денеска го проби звучниот ѕид над Велика Британија.

Луѓето од англиските покраини Дорсет, Сомерсет, Девон и Џерси пријавија дека денеска слушнале громогласен звук и виделе светлосен прамен на небото, пренесе Би-би-си.

По анализите на слитие и видеата, стручњаците потврдија дека во прашање е метеор.

Тие ги повикаа луѓето да припазар и да пријават падови на фрагменти од вселенската карпа.

Ричард Касерек, од бротанската Мрежа аматерски астрономи за набљудување метеори, вели дека само најсјаен метеор од „класата болид“ може да прозиведе „дневна огнена топка“.

Додаде дека оној кој е виден денеска мора да бил „многу голем“ за да се гледа и денски.

Астрономот и научен новинар Вил Гејтер, беше меѓу првите кои го поврзаа звучниот бум со метеор, а за Би-би-си вели дека би било многу возбудливо ако се најдат делови од метеорот.

Податоци од камерите се анализираат за да се добијат податоци за патот на метеорот.

По „огромниот удар“, за кој луѓето велат дека ги затресол нивните домови и прозорци, Британскиот геолошки завод исклучи земјотрес.

Министерството за одбрана соопшти дека не се работи за нивните брзи авиони.

Камп во близина на Вајмут ја снимил гласната бучава на сигурносна камера.