Петмина починаа поради Ковид-19 во Србија, регистрирани уште 424 случаи


 

Во последните 24 часа во соседна Србија како последица на Ковид-19 починаа пет пациенти, а регистрирани се 424 нови случаи.

Само во Белград има 113 новозаразени.

Според официјалните податоци, досега во земјата од корона вирус починале 7.127 луѓе.

Потврдени се вкупно 723.031 случаи на зараза.

Во болница се лекуваат 488 луше, а на респиратор девет пациенти.