ОЕЦД: Американските компании ослободени од глобалниот минимален данок од 15 проценти


Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) одобри ослободување за американските компании од глобалниот минимален данок на добивка од 15 проценти, според извештајот на организацијата објавен денес.

Спогодбата предвидува дека другите земји нема да можат да наметнуваат дополнителни даноци на странските филијали на американските компании за да ја компензираат разликата во оданочувањето, дури и во случаи кога добивката се оданочува под пропишаниот минимум во друга јурисдикција, пренесува Танјуг.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата година ги повлече САД од рамката на ОЕЦД за спроведување на глобалниот минимален данок, која беше договорена за време на мандатот на претходната американска администрација, пренесува Блумберг.