Одржлива мода сега може да се изучува и во Скопје
Одржлива мода ( sustainable fashion ) е збор кој се почесто го слушаме. Stella
McCartney, Gucci, Saint Laurent, Adidas ги трансформираат своите линии преку
парчиња од одржлива мода, а и со начинот на кој управуваат со бизнисите. Но што
е всушност одржлива мода?
Ова најдобро може да го одговориме преку пример:
“Дали знаете дека за производство на една маица се трошат 2700 литри вода?
Што ако можеме да произведуваме облека и да ја заштитиме планетата земја?“
Токму тоа е сржта на курсот за одржлива мода, кој за првпат во Македонија го
организира Creative Hub. Курсот е поделен на 6 модули, а во фонд од 36 часа
учесниците ќе имаат можност и да изработат уникатни модни парчиња кои се
подеднакво естетски, етички но и економски вредни.
Курсот го држи Виктор Стојкоски кој студирал, работел и живеел во Шведска и
Данска, и долго време работи одржлива мода. Тој ќе го пренесе своето искуството,
но и мотивацијата за овој концепт за кој допрва ќе слушаме.
На курсот ќе се обработуваат 6 модули меѓу кои и:
– Животниот циклус на облеката
– Zero waste design
– Обновлив моден дизајн
– Реконструкција и концептуална мода
– Концептот на одржливост во областа на сировите материјали
– Вовед во развојни технологии за рециклирање.
Сите заинтересирани можат да се информираат на https://www.creativehub.mk/future-of-fashion