Одлуката на Уставниот суд за линеарното покачување на пензиите е во полза на пензионерите, смета Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски смета дека одлуката на Уставниот суд за уставноста на линеарното зголемување на пензиите е во полза на пензионерите.
-Што се однесува до одлуката на Уставниот суд многупати сум кажал дека нема да ги коментирам. Нормално, понекогаш тие одлуки се во согласност со вашите политики, понекогаш не се во согласност во вашите политики, но одлуките на Уставниот суд мора да се прифатат и да се имплеметнираат, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на штипската компанија „Актива“.
Оваа одлука, вели премиерот Мицкоски, за среќа на пензионерите е во нивна полза и ќе остане линераното покачување од 1000 денари за секој пензионер.
-Со ова се заокружуваат 7.000 денари линеарно покачување на пензиите откако дојдовме како Влада, иако ветивме зголемување од 5.000 веќе имаме 7.000 илјади денари. Тоа сега ќе се заокружи со мартовската пензија која ше се исплати во април. На тој начин тоа ветување не само што го исполнивме, туку би рекол и за околу 40 проценти го надминавме, истакна премиерот.
Тој додаде дека согласно законот овој месец треба да се покачи и минималната плата.
– Како Влада тоа ќе го донесме на следната седница. Формално тоа помина како информација на седница на Економско социјалниот совет. Следно е Владата да ја донесе информацијата и веќе од април стопанството, но и Владата да почнат со усогласување на платите визави минималната плата, истакна премиерот Мицкоски.