Одлични деловни резултати на технолошките гиганти – еве кои се првите три
Технолошките компании вчера излегоа со извонредни резултати. Првите три места ги заземаат Мајкрософт, Гугл (Алфабет) и Епл.
Кога станува збор за гигантот кој го основал Бил Гејтс одамна, неговиот приход се зголемил за 21 отсто во текот на вториот квартал (април-јуни), на 46,15 милијарди долари, што е највисока квартална заработка досега.
На крајот од четвртиот фискален квартал, Мајкрософт објави заработка по акција од 2,17 долари. Генерално, аналитичарите предвидуваат 1,92 долари по акција и 44,22 милијарди долари приход, пренесува Бизнис телеграф.
Пред вчерашниот пад по тргувањето, акциите паднаа за 2 проценти, иако пораснаа за 28 проценти во 2021 година. Исто така, Alphabet, чијшто дел е и Гугл, забележа раст на заработката за 62 проценти, на 61,88 милијарди долари.
Тоа е еден вид рекорд, бидејќи компанијата немаше таков квартален скок, изразен како процент, во последните 14 години. Заработка по акција е 27,26 долари. Аналитичарите предвидуваат 19,24 долари по акција и приходи од 56,19 милијарди долари. Акциите се зголемија за 50 проценти во 2021 година, и паднаа за 0,5 проценти вчера попладне.
Треба да го споменеме и успехот на Apple, кој го забележа најдобриот резултат поврзан со третиот фискален квартал, во целата своја 45-годишна историја. Поради зголемената побарувачка за уреди, заработката се зголеми на 21,7 милијарди долари. Заработката по акција беше 1,30 долари, во споредба со очекуваната 1,01 долари.
Само во третиот фискален квартал, приходите на „Епл“ скокнаа за 36 проценти во однос на претходната година, на 81,4 милијарди долари, а аналитичарите проценуваа дека ќе се 73,33 милијарди долари.
Растот на приходите беше поттикнат од скокот на продажбата на телефоните „Ајфон“ во последните три месеци – за речиси 50 проценти на годишно ниво до 39,6 милијарди долари, при што потрошувачите најмногу ја купуваа премиум верзијата на „Ајфон“ со 5Г .
Сепак, глобалниот недостиг на чипови, што влијаеше на продажбата на компјутерите Macintosh (Mac) и iPad, ќе започне да влијае на производството на уреди со iPhone, соопштија челниците на компанијата, предвидувајќи забавување на растот на приходите.
Амазон, исто така, продолжува да работи добро, по „процутот“ во 2020 година, кога поради короната беа воведени карантински мерки, а со тоа се зголеми потребата за онлајн нарачка на стоки.