Одбраната на Палевски не може да ги најде снимките со кои би докажала дека тој бил во банка за време на убиството
На денешното рочиште за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, судот до одбраната на обвинетите ги достави снимките од камерите од системот „Сејф сити“ во периодот за кој обвинителството тврди дека е грабнат и убиен 74-годишниот велешанец.
Конкретно се работи за снимки од 21 и 22 јануари 2023 година од Скопје.
Еден час одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо не може да ја најде снимката која денеска требаше да ја презентираат како доказ, откако претходно студот го прифати нивното барање.
Одбраната на Палевски рече дека во списите на предметот и цедињата не се наоѓа видео записот кој сакале да го презентираат. И дека тие немаат софтвер за преглед на тие камери.
„Станува збор за видео запис од камера на сејфт сити од ден 22.11.2023 година, камера 67, Нов мост Железничка странца. Снимката трае 15 минути“, рекоа од одбраната на Палевски.
Одбраната на првоосомничениот Љупчо Палевски – Палче тврдеше дека неговото возило „рено кангу“ ноќта меѓу 21 и 22 ноември во 00 часот и 15 минути е забележано од камерата 67 од мостот кај Нова Железничка. Но, на снимките тоа го нема. Како што тврди одбраната на Палевски тие немаат таков програм со кој можат да ги отворат снимките од „Сејф сити“.
Овој датум е важен бидејќи на претходните рочишта беше пуштена снимка од домот на Велибор Манев, на истиот датум, на кои се гледа „кангуто“ на Палевски. Обвинителството тврди дека тој ден се спремало грабнувањето на Жежовски кој живеел во непосредна близина на Манев.