Одбележување на Светскиот ден на туризам


Фото: Б. Грданоски

Во организација на Министерството за економија денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на туризмот.

На одбележувањето ќе се обратат државниот секретар на Министерството за економија Размена Чекич Дуровиќ и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Љупчо Јаневски.

Министерството за економија во рамки на одбележувањето на Светскиот дел на туризмот ќе додели признанија за учесниците во туристичко-угостителскиот процес за 2023 година.