Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

По повод 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, Министерството за односи меѓу заедниците во соработка со Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците и Управата за афирмирање и унапредување на културата на припадниците на заедниците, организира настан на кој ќе присуствуваат и учениците добитници на наградите од објавениот повик за доставување творби (поезија-проза) напишани на нивниот мајчин јазик.
Право на учество во повикот имаа сите ученици од шесто до деветто одделение, а еден од условите за учество беше творбите да бидат напишани на мајчиниот јазик на ученикот (македонски, албански, турски, ромски, српски, босански, влашки и/или други јазици), независно дали тој е застапен во редовната настава во училиштето.