Одбележување на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик


 Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Најавени се поздравни обраќања на министерот за култура и туризам Зоран Љутков и директорката на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје, проф. д-р Елена Јованова-Грујовска.

Пригодно обраќање на тема „Кон 80 години од македонската азбука и правопис“ ќе има проф. д-р Снежана Петрова-Џамбазова, научен советник при Институтот за македонски јазик.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик денеска ќе биде одбележан и во Тренинг центарот на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип.

Меѓународен ден на мајчиниот јазик е ден на кој се одбележува мајчиниот јазик во земјите. Прогласен е на 30. седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година.