Од земја од странство испратени масовни заканувачки мејлови до училишта во Атина


Голем број училишта во Атина денеска добиле мејлови со заканувачка содржина за поставена бомба, а според грчката полиција испраќачот е од странство и веројатно намерата е да се создаде вознемиреност, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчките медиуми, мејловите биле испратени во најмалку 35 училишта во различни делови на Атина и најверојатно зад нив стои Русин познат по фарси.

Од грчката полиција соопштија дека постоела брза мобилизација во соработка со Министерството за образование и самите училишта за спроведување соодветната контрола, додека пак Дирекцијата за борба со електронски криминал води истрага за откривање на испраќачот.

– Пораката се чини дека доаѓа од земја од странство, а масовното испраќање, дури и до училишните единици кои денеска не функционираат, покажува дека целта на пораката е да создаде вознемиреност и да го разниша чувството на безбедност кај граѓаните, соопштија од грчката полиција.