Од вторник облачно со врнежи од дожд


Фото: Б. Грданоски

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека од вторник следува период на претежно облачно време со врнежи од дожд.

Во вторник се очекува врнежите да бидат претежно во западните и северните делови. Во среда и четврток облачно со слаби врнежи од дожд насекаде, кои ќе бидат пообилни во четврток. До четврток ќе дува југоисточен ветер кој во понеделник и вторник ќе биде засилен, повремено силен и ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималните температури ќе се движат од 1 до 10, а максималните од 12 до 24 степени.

Од УХМР посочуваат дека во недела и понеделник следува преодна стабилизација на времето. Во недела времето ќе биде умерено облачно со подолги сончеви периоди, а во понеделник ќе биде претежно облачно со краткотрајни сончеви период во централните делови од земјава.