Од следната недела почнува скринингот на учениците на корона вирус


Илустрација

За да се откријат евентуални асимптоматски носители на корона виорусот во училиштата,  од следната недела ќе се спроведе скрининг, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Тоа подразбира земање брис кај учениците, а министерот очекува постапката да заврши за десет дена до две недели. Тој не очекува отпор од родителите, туку напротив, се надева дека тие ќе ги поддржат со цел побрзо да се стави крај на епидемијата.

Во методологијата се опфатени околу 8.200 деца, пропорционално дистрибуирани по општини според број на ученици. Планирано е скрининот да трае пет дена и дневно да се тестираат по околу 1.600 деца, во самите училишта кадешто мобилни екипи ќе одат на терен и ќе го вршат тестирањето за време на часовите

Како што појасни Филипче, во текот на оваа недела преку системот на е-дневник, по случаен избор ќе се бираат ученици, врз кои ќе се врши скринигот, а по истиот систем ќе се бара согласност од родителите.

Планот е во од понеделник да се почне со земање примероци од учениците, кои ќе се анализираат за да се открие евентуално присуство на вирусот кај некој ученик, а за тоа никој не знае, затоа што тој може да биде асимптоматски носител.

– Во промили се брои бројот наз аразнеи уќеници, но многу е тешко да се открие трансмисијата. Децата се дружат и во училиште и надвор од него. Затоа ќе се бараат асимптоматските носители, преку скринингот – рече Филипче. 

Појасни дека мал е бројот на заразени деца, а исто така, мал е бројот и на хоспитализирани деца со корона вирус, кои пак се со полесна клиничка слика.(Б.Б.)