Од први септември нови правила на скопскиот аеродром: Еве што се менува
Од 1 септември годинава стапува во сила нов режим за користење на зоната за кратко застанување „Hug & Fly“ пред терминалната зграда на Меѓународниот Аеродром Скопје.
Како што соопштија од „ТАВ Македонија“, зоната и понатаму овозможува бесплатна престој до 10 минути за истоварање или преземање патници, но со клучна измена: едно исто возило ќе може да ја искористи оваа привилегија само еднаш во рок од 24 часа.
Систем за контрола и автоматско препознавање
Новиот систем функционира со автоматско препознавање и регистрирање на регистарските таблички. Целта на оваа мерка е да се спречи злоупотребата на зоната, да се намали метежот пред самиот влез и да се обезбеди непречен проток на возила, особено во пикот на патничката сезона.
Возачите кои имаат потреба од подолго задржување или повеќекратни доаѓања во текот на денот, треба да го користат главниот паркинг простор пред терминалот, кој располага со 1.200 паркинг-места за автомобили и 6 за автобуси.