Од продажбата на блузи со сликата од Сандерс со ракавиците, собрани 1,8 милиони долари за добротворни цели


 

Волнените ракавици и начинот на кој седеше американскиот сенатор Берни Сандерс на инаугурацијата на американскиот претседател предизвика мноштво реакции на социјалните мрежи, што помогна да се соберат 1,8 милиони долари за доброттворните организации во државата Вермонт.

Парите потекнуваат до продажбата на маици со слика од Сандерс како седи со прекрстени нозе, а на рацете има рециклирани волнени ракавици.

Сандерс на својата веб-страница во четвртокот навечер стави еден од таканаречените производи „Chair Sanders”, вклучително и маици со налепница, а првата серија беше распродадена за помалку од 30 минути. Во текот на викендот додадени се и дргуи производи а се беше распродадено со понеделникот наутро.

„Џејн и јас бевме одушевени со својата креативност која ја покажаа мноштво луше во текот на минатата недела и мило ни е што можеме да ја искористиме мојата слава на социјалнте мрежи за да му помогнеме на Вермонт“, рече Сандерс.

Вели дека парите собрани од продажбата не се замена за неговата работа во конгресот, каде ќе направи се за да обезбеди помош за луѓето од Вермонт поради пандемијата од корона вирусот.

Ракавиците на Сандерс ги направи учителката Џен Елис од Вермонт која има фирма за изработка на ракавици од рециклирана волна.