Од понеделник подгответе се за пеколни температури

Времето за време на викендов ќе биде сончево со умерен северен ветер, што ќе придонесе благ пад на температурите.
В недела, максималната температура ќе се искачи до 33 степени, но она што не очекува од понеделник е вистински пекол во Македонија.
Најтопло ќе биде во вторник и среда кога на повеќе места температурата ќе се искачи на 35 степени.
Од среда до петок, според синоптичарите, се очекува локален краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.
Од понеделник, под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време кога дневната температура насекаде низ земјава ќе биде над 30 степени.
Според УХМР особено треба да бидеме подготвени за среда кога температурата ќе достигне максимални 39 степени.