Од полноќ бензините поевтини за еден денар, а дизелот за денар и пол
Бензините од полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство за денар и половина, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 58,50 денари, а Еуросупер БС-98 ќе се продава по цена од 60,50 денари за литар.
Еуродизелот и Екстра лесното масло за домаќинство ќе чинат 49 денари за литар.
Малопродажната цена на Мазутот се намалува за 1,407 ден/кг со што сега ќе се продава по цена од 24,549 ден/кг.