Од паркингот пред Кале набљудување на планетите и Месечината со телескоп


Денес имате можност да ги набљудувате планетите и Месечината преку телескоп.
Телескопите ќе бидат поставени во 17:30 часот. Најпрво ќе се набљудуваат Венера и Меркур на зајдисонце, а потоа Јупитер и Месечина, сè до завршување на набљудувањето околу 20:30 часот.
 
Локацијата каде што ќе бидат поставени телескопите е паркингот пред влезот на Скопско Кале (види линк https://maps.app.goo.gl/abD7dTKnCBhtPFns5 ).
 
„Набљудувањето е јавно и отворено за сите што сакаат да ги видат убавините на небесните објекти низ телескоп. Се гледаме наскоро“, велат од Скопското астрономско друштво.
 
Изминативе денови на интернет беше многу актуелно т.н. „поредување на планетите“. Иако на небото нема никаква значителна промена, тоа е одличен повод повторно да се свртиме кон вистинското доживување на небесните објекти, преку телескоп.
 
Затоа, во вторник на 03.03.2025 година, Скопското астрономско друштво организира јавно набљудување со телескопи. Ќе имате можност одблиску да ги погледнете планетите Венера, Сатурн и Јупитер, како и Месечината, и да уживате во нивните детали кои не се видливи со голо око.
 
„Ве покануваме да ни се придружите, повторно да се дружиме со планетите и Месечината и заедно да ја споделиме убавината на ноќното небо“, додаваат од таму.
 
Ако сте заинтересирани да научите нешто повеќе за планетите, од Скопското астрономско друштво ги канат сите заинтересирани и на курсот по астрономија.