Од манекенка до Белата куќа: Која е фаталната советничка Хикс која го зарази Трамп?
САД- Американскиот претседател и првата дама Доналд и Меланија Трамп беа тестирани за коронавирус откако најблиската соработничка на Трамп, Хоуп Хикс (32) беше позитивна.
Според медиумите, Хоуп нема поим за политика, ниту ја интересира тоа, но сепак е личност со најголема доверба кај американскиот претседател и ја извршува функцијата директор за комуникации во Белата куќа.
Упатените тврдат дека таа е вистински експерт за комуникација.
Нејзиниот татко е регионален извршен директор на познатата американска ПР компанија „Огилви односи со јавноста во светот“, а од 2010 до 2015 година беше и извршен директор на Американската национална фудбалска лига.
Хоуп пораснала во Гринич, Конектикат, каде што завршила средно училиште. Во слободното време, таа беше модел, а сними реклама за Ралф Лорен и се појави на насловната страница на списанието The it Girl во 2005 година.
Завршила факултет по англиски јазик во 2010 година и оттогаш нејзината професионална кариера започна да се движи со полна пареа кон Белата куќа.
Првата работа ја доби во њујоршката Зено група, но во 2012 година се пресели во „Хилчик Стратеџис“, откако се сретна со сопственикот на таа компанија за време на Супер Боул.
Таа веднаш започна да работи за неговата клиентка Иванка Трамп и нејзината модна линија, а наскоро и на други настани организирани од семејството Трамп.
Таа беше толку квалитетен кадар што во 2015 година, Доналд Трамп предложи да биде негов секретар за медиуми кога еден ден ќе започне кампања за претседател на Соединетите држави. Ветено – исполнето.
За време на кампањата, таа им ја отвори вратата на новинарите кои сакаа да го интервјуираат Трамп. Таа одговараше на повеќе од 250 прашања и електронски пораки дневно, носејќи одлуки за тоа кои новинари ќе разговараат со него, а кои не.
Во декември 2016 година беше објавено дека таа ќе стане дел од администрацијата на Трамп во потполно нова улога што претседателот ја создаде токму за неа – директорот за стратешки комуникации во Белата куќа.
Само еден месец по нејзиното назначување, магазинот Форбс ја рангираше во “30 под 30 години“ затоа што таа беше единствената жена што ја водеше историската претседателска кампања на Трамп.
Не е јасно зошто таа никогаш не комуницира директно или јавно со новинари. Јавноста ја виде нејзината елоквенција само еднаш, кога Трамп ја претстави како негов близок соработник непосредно пред инаугурацијата.
Хоуп со широка насмевка и гласно извика во микрофонот: „Среќен Божиќ на сите и ви благодарам Доналд Трамп!“.
Таа честопати зборува за својот шеф со големо воодушевување и почит. Некои дури велат дека таа се однесува како за заљубена тинејџерка.
Хоуп не се одделува од Трамп ниту за момент. Нивните кабинети се еден покрај друг, заедно одат и на службени патувања, каде таа го следи неговиот протокол.
Инаку, таа шест години се забавуваше со шефот на кампањата на Трамп, а кога беше назначена за шеф на кабинетот на Белата куќа, таа веднаш ја раскина таа врска, поради, како што рече, бројни обврски.
Нејзината горда мајка Кеј Ен препорача еден ден да напише книга за своето искуство со Доналд Трамп, на што нејзината ќерка мистериозно одговори: „Никогаш не се знае!“
Трамп и довери на Хоуп уште една одговорна задача – да ги снима неговите твитови и да ги диктира на лицето кое потоа ги објавува.
За својата лојалност кон Трамп, Хоуп е наградена со соодветна плата – околу 15.000 долари месечно.