Од денеска во автомобил во Грција може да се возат по тројца

Со одлука на надлежните во Грција, такси возилата и приватните автомобили во оваа земја, наместо еден, од денеска може да возат по тројца патници, покрај шоферот.
Носењето заштитни маски за лице во такси превозот е задолжително и за возачите и за патниците, а за кршење на одредбата и на едните и на другите ќе им биде изречена парична казна од 150 евра.
Новите правила ќе важат до 12 јули, кога повторно ќе бидат разгледани.