Од денеска нови мерки во Косово – никаде без сертификат
Според последната одлука на Владата на Косово, од денеска без потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест нема да може да се влезе во угостителски објекти и трговски центри, пренесе Репортери.
Сите вработени во јавни и приватни претпријатија исто така ќе мора да имаат потврда за вакцинација или потврда за негативен ПЦР.
Училиштата и градинките ќе бидат отворени од понеделник, 27 септември, и ќе работат со максимално 20 деца цо одделение или групи во градинките.
На спортски настани ќе може да присуствуваат 10 отсто гледачи во затворни простории, исто така со потврда за вакцинација или еден од трите алтернативни докази: ПЦР тест, серолошки тест или брз антиген тест, додека на отворено може да псируствуваат гости до 30 отсто од капацитетот.