„Очајната домаќинка“ Фeлисити Хафмен осудена на четири месеци затвор поради давање мито
Актерката Фелисити Хафмен ќе мине четири месеци во затвор и ќе мора да плати 20.000 долари бидејќи давала мито за да ја запише својата постара ќерка Софија Мејси на колеџ, објавија американските медиуми.
Пред еден месец таа призна дека му дала пари на Вилијам Сингер, кој ѝ гарантирал дека нејзината ќерка ќе биде запишана.
Фелисити плати 15.000 долари во 2017 година за на нејзината ќерка да ѝ биде зголемен резултатот на приемниот испит. Таа сакаше да го стори истото и за својата помлада ќерка, но се откажа. Исто така, рече дека нејзината постара ќерка не била свесна за она што го прави.
Фелисити беше меѓу педесетте богати Американци кои подмитувале за нивните деца да бидат запишани на престижни универзитети низ САД.
Откако аферата излезе во јавноста, во САД избувна голем медиумски скандал, а ѕвездата наградена со „Еми“ ја призна вината додавајќи дека се срами од тоа што го сторила. Во нејзината изјава, таа им се извини на своите родители.
Медиумите објавија дека Фелисити плачела во судницата и не дала изјави за медиумите по заминувањето. Издржувањето на казната таа треба да го започне на 13 септември. Во меѓувреме, Нетфликс повлече филм во кој главната улога ја игра Хафмен, без објаснување кога ќе биде презакажана премиерата.