Обвинителството во Нови Сад покрена истрага за корупција во врска со реконструкцијата на Железничката станица
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад соопшти дека специјалното одделение за борба против корупцијата на тој суд, покренало истрага за корупција во врска со реконструкцијата на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, пренесува Н1.
„Поради големиот интерес во јавноста, а посебно по изјавите во медиумите кои укажуваат на сомнеж во однос на веродостојноста на објавената документација, како и изразени сомнежи во однос на финансискиот аспект на деловното работење на економските субјекти кои учествуваа во реконструкцијата на Железничка станица во Нови Сад, Специјалното одделение за сузбивање на корупцијата на Вишото јавно обвинителство, во соработка со Управата на криминалистичка полиција – одделот за борба против корупција, врши одредени проверки и презема процесни дејствија со цел утврди постоење основи на сомнение дека е сторено кривично дело со коруптивни елементи“, соопшти Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.
Во соопштението се додава дека истрагата е во предистражна фаза и дека објавувањето на повеќе информации може да го усложни или загрози понатамошниот тек на постапката.
Од Обвинителството потсетуваат дека поради пад на настрешницата, при што загинаа 15 лица, поведена е кривична постапка против тринаесет лица, за сторено кривично дело – Кривично дело против општата сигурност од член 288 став 2 од Кривичниот законик на Србија.