Обновата на А-интегрираната дозвола за „Титан Усје“ ќе биде транспарентна, порача Хоџа


 Министерството за животна средина и просторно планирање ќе биде транспарентно во врска со целата постапка за обнова на цементарицата „Титан Усје“ во Скопје – потенцира на денешната прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кој одговараше на новинарско прашање по кој закон ќе биде обновена А-интегрираната дозвола за овој индустриски капацитет. 

– Барањето, како што знаете, е објавено, расправата се одржа во петокот и течат процедурите што се предвидени за обнова на дозволата. Тоа што беше кажано во расправата, тоа што јас сум го кажал и го повторувам, новата дозвола на „Усје“ ќе биде со параметри со новиот закон кој влегува во сила во септември 2027 година. Тоа може да го ветам – дека целата постапка ќе биде транспарентна и јавноста ќе биде цело време известена за сите постапки, кои ќе се одвиваат во текот на обновата на дозволата – изјави Хоџа. 

Инаку, во петокот се одржа јавна дебата за издавањето на новата А-интегрирана дозовола за „Титан Усје“, на која учествуваа граѓани, членови на еколошки и граѓански здруженија, претставници на комапнијата, како и на надлежните институции.