„Грешници“ води со рекордни 16 номинации за Оскар 2026


Објавени се номинациите за 98-то доделување на наградите Оскар. „Sinners“ го собори рекордот со 16 номинации додека „Wicked: For Good“ не доби ниту една номинација.„Грешници“ го надминаа досегашниот рекорд од 14 номинации, кој го држеа култните „Сè за Ева“, „Титаник“ и „La La Land“.„Една битка по друга“ доби 13 номинации, додека „Марти Суприм“, „Франкенштајн“ и „Сентиментална вредност“ добија по девет номинации.

Филмот „Грешници“, сместен во Америка од 1930-тите, во време на сегрегација и прохибиција, комбинира историска драма, блуз-естетика и елементи на хорор. Во центарот на приказната се близнаци гангстери кои планираат да отворат илегален бар, а ги толкува Мајкл Б. Џордан, кој е номиниран за најдобар актер.

По објавувањето во април, „Грешници“ стана филмот со најголема заработка во САД во последните 15 години, од „Почетокот“ на Нолан. Неговиот пат до големото платно беше обележан со скептицизам и многу дебати во филмската индустрија, но филмот брзо ги разби сите сомнежи.

 

Оскарите ќе се доделат 15 март, во Долби театарот во Лос Анџелес.

 

Најдобар филм
Бугонија
Ф1
Франкенштајн
Хамнет
Марти Суприм
Една битка по друга
Тајниот агент
Сентиментална вредност
Грешници
Воз соништа

Најдобар режисер
Пол Томас Андерсон, Една битка по друга
Рајан Куглер, Грешници
Џош Сафди, Марти Суприм
Јоаким Триер, Сентиментална вредност
Клое Жао, Хамнет

Најдобар глумец
Тимоте Шаламе, Марти Суприм
Леонардо Дикаприо, Една битка по друга
Итан Хок, Сина месечина
Мајкл Б. Џордан, Грешници
Вагнер Моура, Тајниот агент

Најдобра глумица
Џеси Бакли, Хамнет
Роуз Бирн, Ако имав нозе, ќе те шутирав
Кејт Хадсон, Сонг Сунг Блу
Ренате Рејнсве, Сентиментална вредност
Ема Стоун, Бугонија

Најдобар глумец во споредна улога
Бенисио дел Торо, Една битка по друга
Џејкоб Елорди, Франкенштајн
Делрој Линдо, Грешници
Шон Пен, Една битка по друга
Стелан Скарсгард, Сентиментална вредност

Споредна женска улога
Ел Фенинг, Сентиментална вредност
Инга Ибсдотер Лилеас, Сентиментална вредност
Ејми Мадиган, Оружје
Вунми Мосаку, Грешници
Тејана Тејлор, Една битка по друга

Адаптирано сценарио
Бугонија
Франкенштајн
Хамнет
Една битка по друга
Соништа за воз

Оригинално сценарио
Сина месечина
Беше само несреќа
Марти Суприм
Сентиментална вредност
Грешници