Објавена новата корона мапа на Европа, еве кои земји се во црвено

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) објави нова корона мапа на Европа, во која не се опфатени земјите од Западен Балкан.
Така, од мапата е видливо дека Грција, која е еддна од најпосетените туристички дестинации од страна на македонските туристи е целосно „црвена“, а исто е и Бугарија. Хрватска е во портокаловата зона, како и Словенија.
Епидемиолошката карта за Европа на ЕЦДЦ се објавува секоја недела врз основа на инциденцата од 14 дена и учеството на позитивните тестови во вкупниот број тестирани.
Зелени на картата на EЦДЦ се региони во кои 14-дневната стапка на инфекција на 100.000 население е помала од 50, а процентот на позитивни на КОВИД-19 од тестираните е помал од четири проценти, или инциденцата од 14 дена е помала од 75, а процентот на позитивни помал од еден процент.
Црвеното значи 14-дневна стапка од 75 до 200, со позитивен сооднос поголем од четири проценти и областите каде што стапката на инфицирање од 14 дена е 200 до 500, а темноцрвените области се оние во кои 14 дневна стапка е поголема од 500.
ЕЦДЦ го проценува ризикот од КОВИД-19 според големите статистички региони во земјите (NUTS 2).
Статистичките региони NUTS 2 мора да имаат минимум население од 800.000 и максимум три милиони. Хрватска на пример има четири региони НУТС 2 – Панонска Хрватска, Јадранска Хрватска, Северна Хрватска и Градот Загреб.
Updated ? maps are online!
These maps aim to support the @EUCouncil recommendation on travel measures in the EU during #COVID19 pandemic.
Color-blind friendly map in the next tweet.https://t.co/CcBVx6SBfD pic.twitter.com/ZvHlPmXOqw
— ECDC (@ECDC_EU) August 26, 2021