Објавена нова карта за состојбата со корона вирус во Европа, Грција во црвено


Европскиот центар за контрола на болести објави нова карта на Европската Унија во врска со состојбата со пандемијата, а на неа се гледа дека речиси цела Грција е во црвено, додека брегот на Хрватска е во портокалово.

Континенталниот дел остана зелен, додека северниот дел на Франција, поголемиот дел на Италија се портокалови. Јужниот дел на Франција, Ирска, Шпанија и Португалија се потполно во црвено, како и голем дел од соседна Грција.

Хрватска ја задржа портокаловата боја, што не би требало да влијае на туризмот, а во моментот таму престојуваат милион туристи.

Имено, голем број држави за црвените подрачја на своите граѓани, при враќањето во својата земја им поставуваат услови, што го отежнуваат патувањето. Но, од земјите кои се во портокалово, тоа не е случај.