Обид да се запали станот на поранешен висок полициски функционер


Инфомакс дознава дека во текот на минатата вечер се случил обид да се запали станот на поранешен висок полициски функционер и оперативец З.Т. Изгорена е влезната врата, а целта била да се опожари целиот дом.На лице место веднаш пристигнала противпожарна екипа која за среќа го угаснала пожарот, а во моментов се врши увид од страна на увидна екипа на МВР.

Инаку З.Т. во својата долгогодишна кариера има реализирано неколку илјади приведувања и апсења на високопрофилни и високоризични лица од македонското подземје.

@Ноќеска во 03:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. Владимир Комаров во Скопје настанал пожар на влезна врата од стан во зграда, сопственост на З.Т.(57) од Скопје, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Во пожарот била опожарена само влезната врата, а повредени лица нема. Полициски службеници од Полициска станица Аеродром излегле на местото и се работи на расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.