Нуркачите од единицата „Тигри“ го пронајдоа телото на удавениот во Дојранското Езеро


 

Нуркачите од специјалната полициска единица „Тигар“го пронајдоа телото на 42-годишниот штипјанец И.З. кој денеска се удави во Дојранското Езеро.

Човекот кој живеел во Германија се качил на педалинка во близина на Градската плажа да се провози по езерото, но не знаел да плива. Паднал од неа и брзо го снемало во водите.

„Припадници на нуркачки тим од САЕ ‘Тигар’ при МВР пристигна на местото на несреќата и по преземени активности од нивна страна телото е пронајдено и извлечено од водите на езерото во 19,12 часот. Смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото ќе биде предадено за обдукција“, се вели во соопштението од МВР