Новогодишната ноќ не може да помине без овој коктел
Шампањското во овие варијанти игра главна улога, а многу едноставно се прави.
Сигурни сме дека сте подготвиле шампањско за полноќ, а исто така може да ја направите прилика уште посвечена ако го искористите за идеален коктел.
Класична мимоза
90 ml шампањско
90 ml сок од портокал
Совет: Двата пијалоци треба да бидат студени.
Црвена мимоза
90 ml шампањско
90 ml сок од брусница (може и од калинка)
Во чаша за шампањско, прво турете шампањско, па сок од брусница.