Ново жариште во Нанџинг, најголемо по Вухан
Жариште на Ковид-19 откриено е во кинескиот град Нанџинг а се прошири во пет кинески покраини и главниот град Пекинг, а кинеските државни медиуми ја нарекоа „најголема зараза по Вухан“, објави Би-би-си.
Според државните податоци заразени се речиси 200 луше од кога вирусот е детектиран во градскиот аеродорм на 20 јули.
Сите летови од аеродромот во Нанџинг ќе бидат суспендирани до 11 август.
Почнато е масовно тестирање по критиките за нивниот неуспех.
Сите 9,3 милиони жители на градот, вклучително и оние кои дошле во посета на нанџинг, ќе бидат тестирани, објави државната агенција Синхуа.
Надлежните веруваат дека жариштето е поврзано со позаразниот делта сој на корона висруот и дека зарата за се проширила благодарение на фактот дека е откриена во аееродромот.
Вирусот се прошири на најмалку 13 градови
Управата на аеродромот е укорена, а дисциплинското тело на Комунистичката партија утврди дека постоеле „проб,еми како недостиг на андзор и непрофесионално управување“.
Тестирањата покажуваат дека висруот сега се проширил во најмалку 13 градови, меѓу кои и Ченгду и главниот пекинг.
Локалните власти во Нанџинг наведуваат дека седум од заразените се во критична состојба. Некои на кинеските социјални мрежи ја проблематизираа делотворноста на кинексите вакцини против делта варијантата.
Не се знае дали заразените биле и вакцинирани.
Многу земји во југоисточна Азија кои се потпираат на кинеските вакцини неодамна објавија дека ќе користат вакцини од други производители.