Новите „Греми“ правила бараат човечки придонес без вештачка интелигенција


„Само човечки креатори се подобни“ за „Греми“, објави во петокот Академијата за снимање, бидејќи телото што ги доделува најпрестижните музички награди во светот се обидува да ја ограничи употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во индустријата.

Работата исклучиво со вештачка интелигенција е забранета, но одредена музика создадена со помош на вештачка интелигенција може да се квалификува за одредени категории, според ажурираниот правилник на академијата.

„Дело што не содржи човечко авторство не е подобно во ниту една категорија“.

Креаторите на музика сега мора да придонесат најмалку 20 проценти од албумот за да заработат номинација. Во минатото, секој продуцент, текстописец, инженер или истакнат изведувач на албум можеше да заработи номинација за албум на годината, дури и ако личноста имаше мал придонес.

Првите „Греми“ награди беа одржани во 1959 година, како награда за музичките творци.

Во ноември 2022 година, OpenAI го лансираше ChatGPT, бесплатен чет-бот поддржан од „Мајкрософт“, кој може да генерира дијалог сличен на човекот врз основа на едноставни внесувања.

Апликациите за вештачка интелигенција брзо напредуваа, дозволувајќи им на корисниците да анимираат фотографии, да создаваат аватари во филмовите и да пишуваат песни, есеи и статии.

Луѓето од многу професии се повеќе се плашат дека вештачката интелигенција може да ги замени нивните работни места.