Новиот министер за финансии на САД е за зголемување на санкциите спрема Русија


Скот Бесент

 

Кандидатот за министер за финансии во администрацијата на Доналд Трам, Скот Бесент, во четвртокот им рече на американските сенатори дека ќе 100 отсто ќе поддржи зголемувањето на санкциите за големите руски нафтени компании доколку новоизбраниот претседател ја поддржи таа стратегија како начин да се стави крај на војната во Украина.

„Доколку некој функционер во Руската Федерација го следи ова сослушување за потврда, тие треба да знаат дека ако бидам потврден и ако претседателот Трамп побара како дел од неговата стратегија да се стави крај на војната во Украина, јас ќе бидам 100 отсто подготвен за преземање уште поостри санкции, особено на руските нафтени компании, на нивоа што ќе ја доведат Руската Федерација на маса“, рече Бесент на прашањето за санкциите против Русија од демократскиот сенатор Марк Ворнер.

Бесент ја нарече војната во Украина „една од најголемите трагедии во мојот возрасен живот“.

„И да се стави крај на тоа што е можно поскоро, и каква било улога што Министерството за финансии може да ја одигра во тоа – доколку бидам потврден, би сакал да ја направам“, рече тој.

Бесент тврди дека санкциите на администрацијата на Бајден кон Русија „не биле доволно целосни“.

Тој се сомнева дека тимот на Бајден не сакал да подигне санкции за руската нафта до неодамна, бидејќи не сакал да влијае на домашните трошоци за нафта и гас за време на изборите во 2024 година.

„Верувам дека претходната администрација беше загрижена за зголемување на цените на енергијата во САД за време на изборна сезона“, рече тој.

„И јас сум збунет кога гледам дека советникот за национална безбедност [Џејк] Саливан на излегување од вратата го зголемува нивото на санкции за руските нафтени компании, и навистина, цените на нафтата во САД се зголемени за околу 9 отсто овој месец“, тој рече, повикувајќи се на неодамнешните санкции на администрацијата на Бајден.

Ворнер го поздрави одговорот на Бесент за руските санкции.

„Мислам дека е важно да не ги извадиме овие алатки од комплетот“, рече тој.

Ворнер им рече на новинарите надвор од сослушувањето дека „целосно ќе размисли“ за гласањето за потврдување на Бесент.

„Мислев дека е многу моќен коментар што тој рече дека е отворен за зголемување на санкциите кон Русија, за да го зголеми притисокот. Се надевам дека тоа ќе му го каже на новоизбраниот претседател“, рече тој.