Новиот изглед на канадскиот премиер го сруши Интернет: Трудо ја пушти косата и брадата


Канада– Во карантин, канадскиот премиер Џастин  Трудо (48) ја пушти својата виткана коса, а сега и со брадата ги воодушеви жените ширум светот. Канаѓаните го одобруваат новиот изглед на премиерот.

Повеќето политичари ги кријата фотографиите од младоста, но не и Трудо.Вториот најмлад премиер на едно од најбогатите земји во светот освен со атрактивниот изглед, ги освојува симпатиите на јавноста и со откаченото однесување, либералните ставови, како и грижата за жените, малцинствата и мигрантите.

Во изградбата на имиџот на идеален политичар му помогна и неговата сопруга-ексТВ водителката Софи Грегоар (44) со која има три деца.