Новиот филм на Горан Столевски во официјалната селекција на Санденс 2022


Најновиот филм на Горан Столевски, натприродниот хорор филм „You won’t be alone“ влезе во официјалната селекција на Sundance Film Festival за 2022 година.

Ова е деби долгометражен филм на македонскиот режисер и сценарист кој живее и работи во Австралија. „Ти нема да бидеш сама“ е во продукција на американската продукциска компанија Focus Featuresна кој има работено продуцентката Кристина Сејтон и кинематографот Метју Чанг.

„Приказната што се одвива во 19 век во едно изолирано село со девојчето кое е украдено од својата мајка и претворено во вештерка преку древниот и променлив во форма дух е филм каков претходно никогаш не сте гледале. Впечатливата уметност и естетика го меша натрпиродниот хорор (без недостиг на крв) со поетска басна принесувајќи чувствителна медитација на животот што е неочекувано емотивна и длабоко хумана. Дури и злонамерната древна сила, создадена со патење и осаменост е контуриран карактер“, пишуваат од Sundance Film Festival.

Главниот лик или малата вештерка е толкувана од повеќе актерки вклучувајќи ги и Наоми Рапејс, Алис Енглерт, Карлото Кота и Сара Климоска. Вештерката претставува преминувачки дух кој преку последователни животи од жена, маж, мајка и дете искусува што значи да си човек.

Ова е втор пат филм на Горан Столевски да влезе во номинациите на престижниот фестивал. Првиот пат тоа беше за филмот „Види ја ти неа“ (Would you look at her, 2017) што е во македонска продукција и кој во 2018 година победи во категоријата најдобар интернационален филм.

Оваа година фестивалот Sundance официјално започнува на 20, а завршува на 30 јануари.