Новиот авион на „Кроација ерлајнс“ не можел да ги прими сите патници од Скопје. Еве што се случило
Ниту еден месец откако беше официјално претставен, новиот авион Ербас А220-300 на „Кроација ерлајнс“ не можеше да ги собере сите патници на летот од македонскиот главен град Скопје. Станува збор за летот од 12 август, пишува Индекс.хр.
Авијацискиот портал Zamaaero пишува за случајот. Во текстот се наведува дека „Кроација“ не прифатила шест патници на летот, како и нивниот багаж, а се наведува дека авионот требало да полета со помала тежина со оглед на високите температури, конфигурацијата на околниот терен и моторот кој немаше доволен потисок.
Од „Кроација ерлајнс“ потврдиле за Индекс.хр дека е точно дека морале да остават шест патници во Скопје и изјавиле дека сите патници биле згрижени и дека на крајот стигнале до целта. За багажот наведуваат дека кабинскиот багаж бил превезен, додека „чекираниот багаж бил оставен во Скопје и во рекордно време доставен до патниците“.
Што ако пополнетоста е 100 отсто?
Капацитетот на овој авион е 149 седишта, а „Кроација“ потврдила дека пополнетоста е околу 80 отсто, што сугерира дека уште повеќе патници ќе биле отстранети од летот во случај на поголема пополнетост.
Порталот наведува дека на крајот на јули, „Кроација ерлајнс“ го пречека овој авион, со што започна најавеното обновување на целата флота, најголемиот проект во 35-годишната историја на компанијата, вреден околу 500 милиони евра. Вредноста на авионот е околу 38 милиони евра.
„Кроација“ објаснила дека од 6 до 21 август биле реализирани вкупно 74 летови, вклучувајќи ги и оние со речиси 100% исполнетост. „Досега само споменатиот лет имаше оперативни ограничувања, кои статистички изнесуваат 1,3 отсто од вкупните летови“, велат оттаму.
Тие додавале дека при воведување на нов авион во флотата, безбедносните маргини се значително повисоки отколку при редовната работа, а дополнително мора да се земат предвид и новите алатки за пресметка на перформансите, кои користат и поконзервативни пресметки бидејќи се работи за нов авион во флотата.
„Сето горенаведено, заедно со екстремно високите температури во Скопје од над 40°C, резултираа со споменатите оперативни ограничувања, но и покрај ова, ние сме во комуникација и со производителот на авиони кој е запознаен со сите факти и очекуваме да да добијат детална анализа на конкретниот случај“. (Целиот текст ТУКА)