„Новините“: Ако Орбан толку не ја сака  ЕУ, може слободно да си замине

Во овој сојуз никој нема да го задржи со тенкови, како во 1956 година.


Викот Орбан ја слуша Урсула фон дер лајен (Фото: Ројтерс)

Орбан тврди дека Брисел ( ЕУ) и СССР се исти. Не, Орбан не е луд, едноставно – како и секој предавник на сопствениот народ – тој е склон кон лажење на големо.

Орбан се обидува да го стави сопствениот народ на поводник на Русија, добивајќи моќ и пари за возврат. А луѓето? Нему не му е грижа за нив. Унгарија веќе страда од рекордна инфлација, без разлика колку лажни сајтови тврдат како Унгарците цветаат и напредуваат во Орбанланд.

Орбан ги повика Унгарците да му се спротивстават на Брисел како што направија против Москва во 1956 година. Орбан е обичен мегаломан кој знае дека единствениот начин да се успее во животот е да се лаже. Откако се искачи доволно високо, сега е во позиција да го продаде својот народ на Русите. И тој го прави тоа.

„Дали треба да попуштиме на волјата на странска сила, овој пат на Брисел, или да и се спротивставиме? Унгарија сега е соочена со оваа тешка одлука. Предлагам нашиот одговор да биде јасен и недвосмислен како што беше во 1956 година“.

Ова се зборовите на Виктор Орбан. Вчера беше годишнината од унгарскиот бунт против советската чизма во 1956 година. Дури и на овој датум, Орбан не се потруди да ја каже оваа гнасна и дрска, дебела лага. Со која – во пракса – плукна по споменот на унгарските херои загинати пред 68 години.

Знаете дека Путин го фали Сталин и сталинизмот, како и целиот диктаторски апарат на Советскиот Сојуз. Тој се обидува да го оживее култот на личноста на Сталин, култот на КГБ итн. Знаете исто така дека Орбан е про-Путин. Да кажеш дека Брисел е како СССР додека го фалиш и стоиш зад сталинистичкиот Путин, е  обид вербално да ја изразиш својата повраќаница од мозокот за да ги влечеш  за нос наивните. Сето ова, секако, се случува додека Орбан не престанува да собира европски средства, за кои мисли дека со право се негови додека се обидува да ја уништи ЕУ одвнатре.

Орбан неодамна изјави дека ќе го отвори шампањот доколку другиот миленик на Путин – Трамп – победи на изборите во САД. И тука нема изненадувања. Орбан зборуваше од сценарио напишано во некој подрум во Кагебеј, повторувајќи дека Брисел сака да всади „родови идеологии“ кај унгарските деца. Знаеме кои слоеви ја повторуваат оваа лага. Знаеме и за кои слоеви е наменета.

Меѓутоа, Орбан се преправа дека е расеан и заборави една многу важна работа – дека никој не го тера да остане во ЕУ; ниту него, ниту неговата земја. Британија даде пример, се случи Брегзит, ако на Орбан не му се допаѓа толку ЕУ, примерот е даден, има шема: референдум, излез од ЕУ, збогум. Но, тој не го прави тоа.

Кога пред 68 години Унгарците се обидоа да го напуштат  другиот „сојуз“, им испратија тенкови и убија доста од нив. Сега нема да има тенкови, никој ништо нема да им прави. Но, тие не заминуваат. Се чини дека има разлика, па дури и дебелата глава на Орбан изгледа ја разбира.

Неговите приказни се очигледно само идеолошка лигавица за наивните и кукавиците кои само сакаат да мразат и секогаш имаат потреба  да обвинуваат некој друг. Ги има насекаде, но особено се застапени во поранешните советски сателити, бидејќи првото нешто што го прави Кремљ е да ја убие мисловната елита и да влее страв од независно размислување.Ова потоа се пренесува низ генерациите. Знаете дека дури и во Источна Германија, соц-носталгија та веќе се крева овде-онде.

Ќе се цитирам од пред две години: „Додека вие сте принудени да велите дека Русите се добри, дека се „ослободители“, дека се „браќа“, дека се најнапредни, најпаметни, најмоќни, внатрешно се борите со ова насилство против здравиот разум. Меѓутоа, кога мислите дека сте слободни и тајно ви подметнуваат пропаганда, ја впивате и одлучувате дека сами сте дошле до тој заклучок. Тоа е многу посилно отколку да бидеш принуден да веруваш.

Во извештајот на американското разузнавање се вели дека Русите потрошиле 300 милиони долари во 24 земји (од 2014 година) купувајќи политичари, партии, новинари, лидери на јавното мислење, познати личности итн.“ Зошто токму Унгарија толку силно ја прифати „братската“ руска пропаганда?

„Тие му ја предадоа власта на еден обичен измамник, кој ја украде слободата на печатот и  им го наметна лажниот патриотизам од тоа време, по моделот на СССР: малку селско-народно-фолклорно украсен стремеж за „добрите стари денови“, малку пренасилена умисленост за  величина, малку страв што предизвикува големиот лош Запад кој сака да ги избрише нивното „унгарско“ и „национално“ (да им го украде гулашот, некако), што им ја  наруши довербата во демократијата и им ја украде слободата на печатот и желбата за изразување на слободното мислење различно од „официјалното“.  (Преземено од „Новините“’)